речник контакт

Сите три велешки екипи победија во Третата лига Центар

Прва победа на Илинден од Башино село, единстената досега беше со службен резултат. В недела градско дерби ФК Превалец ја дочекува ФК Бабуна, двете екипи се соседи на табелата

Петар Печков

Се одигра 24-тото коло на Третата фудбалска лига Центар.   Сите три велешки екипи победија, вклучувајќи го и Илинден од Башино село кому оваа му е прва, оти единствената досега беа три бода на ,,зелена маса,,.

Илинден од Башино село со 3:0 ја совлада екипата на Младост од Кривогаштани која е  11-та со шест победи и 22 бода. Бабуна на домашен терен со 5:2 го победи Напредок до Крушеане кој е 10-ти со 22 бода и шест победи.  ФК Превалец  славеше на гостувањето и ,,жешкиот ,, терен  во прилепско Горно Коњари со 1:2  протви домаќинот кој е седми  со  34 бода и 10 победи.

По ова коло ФК Бабуна е трета со 49 бода, пред ФК Превалец кој има 45 бода а Илинден од Башино село со 11 бода  се качи едно место погоре на 13-тото и фенерот му го даде на тимот на  ФК Габер.

Во претпоследното коло, в недела градско дерби ФК Превалец ја дочекува ФК Бабуна. ФК Илинден гостува во Крушево на  ФК Питу Гули кој е шести со 13 победи и 42 бода.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »