речник контакт

Сквернавење на спомен бистата на првоборецот Благој Ѓорев

На спомен бистата на првоборецот Благој Ѓорев, во Младинскиот парк во Велес непознати сторители нацртале фашистички знаци како и порака со која го величат Адолф Хитлер.

Петар Печков

На спомен бистата на првоборецот Благој Ѓорев, во Младинскиот парк во Велес непознати сторители нацртале фашистички знаци како и порака со која го величат Адолф Хитлер.

За овој настан нема пријава во МВР ниту пак за него знаат во велешката организација на борците.

Неофицијалните информации се дека бистата е оскрнавена во петокот ноќта, но чудно е што никој настанот го нема регистрирано ниту пријавено во полиција.

Местото е фрекфентно, постојано со минувачи а на клупите до бистите има и пензионери кои тука го минуваат времето, но никој од нив не обрнал внимание што е испишано на спомен бистата.

Посетителите на Младинскиот парк велат дека навечер и во ноќните часови тука се собираат млади кои се пијанчат а наутро празните шишиња се расфлани околу клупите и спомениците. Се случувало тука да се најдат и шприцеви од нарко сеанси.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »