речник контакт

Скок на нови случаи со ковид-19 во Велес

Како и вчера, и денес во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се седум пациенти

Петар Печков

Зголемен е бројот на ново заразени со ковид-19 во велешко изминатите 24 часа. Министерството за здравство соопшти дека се регистрирани 17 нови случаи оздравени се двајца   пациенти.. Бројката на активни случаи  скокна на   на  40 лица.. Починати лица  од велешко нема.

Како и вчера, и денес во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се  седум пациенти. Hа Инфективно  се хоспитализирани двајца  а на Интерно се петмина   пациенти. Наема испишани ниту ново примени пациенти.

„Потврдено позитивни се двајца, непотврдени нема  и петмина се негативни, но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка е еден  пациент “ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

Сите хоспитализирани пациенти се од Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »