речник контакт

Скокајќи во Вардар, Ерѓул спаси давеник од реката Вардар среде Велес (видео)

Давеникот е во стабилна здравствена состојба. Освен што го извадил од реката, Ерѓул и со масажа на срцето го вратил во живот.Утрово лицето починало на нервното одделение, после компликации на здравствената состојба

Петар Печков

Вчера, понеделникот попладне, спасен е давеник од реката Вардар, во центарот на Велес, објави порталот ТРМР, повикувајќи се на сведоци од настанот. Драмата се одвивала помеѓу двата моста Новиот и Мало мовче. Сведоци се рибарите кои се таму во секој дел од денот.

„Човек пријде до оградата, се прекачи  и скокна. Некое момче дојде од кај  што го градат кејот се соблече и скокна по него. Успеа да го довлече до брегот, му дојде на помош  друго лице и го извлекоа“ - кажа еден до сведоците.

 „Слушнав силен плесок во водата. Кога видов, што да гледам, човек, пловеше со грбот, па го снемуваше во водата, дојде од брегот едно лице, го донесе до брегот и заедно со друго го извлекоа“ - кажа друг сведок.

Набргу стигнала екипа на брзата помош и го транспортирала до болница.  Порталот ТРМР обезбеди и изјава од лицето Ерѓул Усеинов (36 год),  кое го спасило давеникот В.Д. (71 год) од Велес.  Тој опиша дека старецот скокнал од Нов мост, во делот на реката каде се куќите, не од кај автобуската станица. Освен што го извлекол од водата, тој и со масажа на срцето во повратил во живот. Од Велешка болница изјавија дека давеникот бил  во добра здравствена состојба а утрово починал.

„Давеникот беше во стабилна здравствена состојба, не се сеќаваше за настанот,  контактибилен. После полноќ беше рефрлен на нервното одделение, каде почина посел компликации кои се јавија на неговата здравствена состојба“ - кажа д-р  Елена Левкова Ќулумова, задолжена за информирање во ЈЗУ Општа болница Велес.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »