речник контакт

Скопски Металург објави, играме во Велес!!!

Првата средба на 5 октомври, есенва ќе гледаме пет натпревари од СЕХА Гаспром лигата, во салата Гемиџии

Петар Печков

РК Металург од Скопје на неговата веб страница ја објави информацијата дека своите натпревари од СЕХА Гаспром  лигата ќе ги  игра во Велес.

Првиот натпревар Скопјани во Велес ќе го играат на 5-ти октомври против хрватски Нексе од Осиек   во 17,30 часот, додека седум  дена подоцна ќе игра против белградски Партизан на 12-ти октомври  исто така во 17,30 часот.

Големото дерби против Кроација Осигурање која требаше да се игра на 21  септември е одложено за 7 декември, повторно со почеток во 17.,30 часот.Причина е настапот и на двете екипи во Лигата на шампионите.

Термините за останатите средби кои до крајот на годинава  ќе се играат во салата Гемиџии во Велес се 26 октомври против Татран Прешов од Словачка и  23 ноември  против Ловќен од Црна Гора.

Поради неисполнување на стандардите за оваа регионална лига, салта во Автокоманда каде игра Металург не доби зелено светло да биде домаќин на натпреварите. Засега нема информација дали и која ќе биде цената на билетите.  Оваа информација сеуште ја  нема потврдено раковдството на СЕХА Гаспром лигата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »