речник контакт

Скопското дерби без победник во Велес

Работнички - Вардар 1:1, Работнички треба да жали што не победи, Вардарци разочараа. Илјада и петстотини велешани дојда да гледаат прволигашки фудбал

Петар Печков

Во рамките  од 17-тото коло од Првата фудбалска лига, во Велес, на Градски се одигра натпреварот помеѓу Работнички и Вардар. Тоа беше 52 меѓусебен натпревар, овој пат на шампионот  и освојувачот на Купот   на Македонија.

Заврши нерешено без победник, 1:1.  Работнички треба да жали што  не победи, Вардарци разочараа. Лидерот на табелата, Вардар рано   поведе во 10-тата минута со голот на Пандовски.  До крајот на првото полувреме, романтичарите имаа два удари кои Пачовски едвај ги одбрани.

Во 27-та Алтипармаковски а во 36-тата Сахити стрелаа во десниот горен агол а Вардаровиот голман успешно бранеше.  Во второто полувреме Љамчевски во  79-татаа го фаулираше во 16 метри фудбалерот на Работнички Вујчиќ, кој  успешно го реализираше ударот од 11 метри.

Шанса за победа Работнички имаше на истекот од натпреварот кога судијата  Јакимовски по втор пат покажа на белата точка, откако Пачовски  го собори Марковски. Повторно ударот од 11м. го изведе Вујчиќ, а овој пат Пачовски го прочита и одбрани пеналот.

Во судиското продолжение Марковски имаше идеална прилика, но Вардаровата одбрана во последен момент не дозволи топката да влезе во голот.

 По завршувањето на натпреварот, имаше повеќе  искри отколку за време 90-те минути. Дојде до вербална расправија помеѓу  капитенот на Работнички, Баже Илијоски и стоперот на Вардар, Немања Мијушковиќ. Во одбрана на соиграчот се впушти и Филип Ивановски, па потоа дојде до препукување меѓу двајцата офанзивци.По ова се пуштија и навивачите на Вардар, популарите ,Комити,, кои сакаа да расчистат сметки со фудбалерите на работнички, по што интервенираше полицијата.  

Натпреварот на Градски го следеа околу 1,5 илјади гледачи, кои се потсетија на времето кога велешки Борец беше дел од македонската фудбалска елита. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »