речник контакт

Скопјанец излета од мост на автопат и почина

БМВ-то слетало во провалија висока 20-тина метри

Петар Печков

Вчера претпладне  околу 10,30 часот на автопатот Велес -Скопје, се случила сообраќајна незгода  кај мостот кај  Ајдучка Чешма,  во која има еден починат.

Според МВР   З. Л. (29 год) од Скопје, управувајќи автомобил  „БМВ“ изгубил контрола над истото и излетал од патот во провалија висока 20-тина метри.  

Од здобиените повреди  Зенол  Л. починал на лице место, смртта ја констатирал лекар од Брзата помош од Велес,  која  била  повикана да помогне .

Велешките пожарникари вложиле големи напори  и  4,5 часа го ваделе телото на возачот од автомобилот, кој бил во   провалија висока 20-тина метри.  Увид на лице место извршил Јавен обвинител  и увидна екипа на СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »