речник контакт

Скопјанец излетал од автопат, завршил со скршеници

З.П. е пренесен на торакална хирургија во Скопје

Петар Печков

 

Неделата попладне се случила сообраќајна незгода, кога скопјанец излетал од автопат и се здобил со скршеници. СВР Велес со детали до инцидентот.


„На 18 декември  околу 15.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на автoпатот А1, во близина на наплатна станица Отовица, патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.П.(69год) од Скопје, излетало од коловозот“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВ Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општа болница Велес.

„Во попладневните часови донeсено е повредено лице. Дежурен доктор на хирургија по извршени компјутерски снимања констатирал повреда на граден кош и скршени ребра. Пружена е неопходна здравствена нега по што е препратен на торакална хирургија во Скопје“ - кажа д-р. Елена Левкова Ќулумова, портпарол нa Општа Болница Велес. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »