речник контакт

Скопјанец уапсен кај Градско, откако во автомобилот превезувал 10 мигранти

Организаторите на шверцот со луѓе, со мигранти вообичаено бараат лица од помладата популација, од ранлива категорија, зависници, лица кои се во долгови и им нудат лесна заработувачка со превоз на мигрантите од Гевгелија до Куманово

Петар Печков

Полициски службеници од СВР Велес денеска на крстосницата кај село Водоврати, општина Градско, го лишиле од слобода Р.М. (21 год) од Скопје, затоа што со возило „aуди“ со бугарски национални ознаки превезувал 10 лица мигранти, од нив шест од Сирија и четири од Конго.

„Претпладнево околу 8 часот  на автопатот Неготино – Велес. возачот  Р.М. не застанал на даден знак за сопирање од полициски службеници, но набргу, кај клучка Градско, возилото било забележано како се упатува по регионалниот пат, по што на крстосницата кај село Водоврати било запрено, а лицето приведено“- соопштија о МВР.

Р.М. бил задржано во полициска станица, а мигрантите бил спроведени во прифатно-транзитен центар. За случајот бил известен Јавен обвинител и по неговото документирање ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР

Организаторите на шверцот со луѓе, со мигранти вообичаено бараат лица од помладата популација, од ранлива категорија, зависници, лица кои се во долгови и им нудат лесна заработувачка со превоз на мигрантите од Гевгелија до Куманово. Но без малку сите се откриени или возачите се дале во бегство откако се лоциани.

„Но тоа што потенцијалните жртви, возачи на возила,   треба да го знаат дека полицијата е опремана со термо видео надзор, и лесно може да се идентификуваат возила кои превезуваат мигранти во било кој дел од денот  ноќта, на пат, во поле, отворено“- појаснува лице кое е запознаено со оваа проблематика .

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »