Петар Печков
Објавено: среда, 03 мај 2023
Скопјанец П.А. (70 год) родум од село Чичево- Градско, вчера попладне со неговиот автомобил, марка „форд мондео“ излетал од локалниот пат кај село Долно Чичево, удрил во дрво и се здобил со тешки телесни повреди“. Настанот се случил околу 13,.30 ч. Прва на помош пристигнала екипата на Итната помош од Велес.
„Во 13,45 приемен е повик за сообраќајка. Повреден е маж, кој бил во свесна состојба, со повреда на граден кош, екстремитети. Дадена му е неопходна здравствена нега и префрлен на хируршко одделение од велешка болница“ - кажа д-р Василка Пановска, началник на службата за Итна помош.
Кај повредениот П.А. бил констатирани тешки телесни повреди.
„Примен е пациент од сообраќајка, кај кого има сериска фрактура на ребра, скршеница на потколеница и нагмечувања на телото. Поради специфичноста на повредите префрлен е на Клинички центар во Скопје“- информира д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа болница Велес.
Од СВР Велес ја потврдија сообраќајката, дополнија дека е извршен увид по што ќе се знаат причините за излетувањето на автомобилот.
Tweet |