речник контакт

Скопјани краделе скутери во Велес

Скопјани доаѓале во Велес да крадат скутери, полицијата ги фатила.

Петар Печков

Лицата Д.С. (21) и А.Б. (17) од Скопје, се осомничени  дека извршиле шест кривични дела Кражби и Кражби во обид, каде предмет на одземање се велосипеди со помошен мотор и мотоцикли. Сите шест кражби ги извршиле заедно, во ноќните часови, минатата седмица од различни локации во градот.

Украдените мотоцикли и велосипеди со помошен мотор најчесто биле оставани пред згради или пред куќи, па откако крадците ќе ги забележеле бегале со нив. Одземени се три велосипеди со помошен мотор марка Џилера, еден велосипед со помошен мотор марка Џон Веј, како и два мотоцикла марка Џилера Ранер, дел од нив се обиделе да ги одземат, но не успеале во намерата, бидејќи биле осуетени па избегале од местото на настанот.

Сите одземени предмети се пронајдени и вратени на оштетените.  СВР Велес против Д.С. (21) и А.Б. (17) и двајцата од Скопје,  поднесе кривични пријави поради основано сомнение дека сториле три кривични дела Кражба и три кривични дела Кражба во обид. Д.С. има одлежано и затворски казни за слични дела.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »