речник контакт

Скопјанка победи на натпреварот за брзо јадење пастрмалија (фото)

На Толова и требаше безмалку половина час да изеде една пастрмалија. За ова доби подарок мобилен

Петар Печков

Лиле Томова од Скопје победи на натпреварот за брзо јадење на  пастрмалија. Неа  и беа потребни цели 27,40 минути за да ја изеде  питата.

Во конкуренција беа пет натпреварувачи, од нив двајца се  откажаа веднаш по некоја минута. Останатите тројца без малку половина час  ја густираа питата, но и добро за забавуваа на бината. За победничката Томова од спонзорот ОНЕ, имаше подарок мобилен телефон. 

Да знаев дека има натпревар, немаше  да  јадам  претходно пита. Вака малку ми дојде тешко, две пастрмалии за  два часа се многу – рече Лиле.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »