речник контакт

Скорниева е пронајдена жива, но премрзната од студот ноќеска и престрашена од шакалите кои ги слушала

Од болницата велат дека е надвор од животно загрозувачка и во стабилна состојба, но со повеќе скршеници поради што итно е префрлена на Клинички во Скопје

Петар Печков

Александра Скорниева утрово е пронајдена жива а докторите велат дека и здрава. Таа вчера од страна на нејзиното семејство беше прогласена за исчезната и блиските се дадоа во потрага. Пронајдена е во провалијата, од страната која е подалеку  од браната на езерото, во правец на село Новачани.

Од тежок терен за спасување ја извадиле велешките пожарникари кои биле повикани  на помош и работеле зедно со полицајците. Тие го чистеле теренот од бујната вегетација, за да може да се приближат   докторката  Јадранка Мишкова и возачот Ален Давчевски.

Девојката била имобилизирана и со даска за прва помош  качена до патот. Сведоците велат гестот на докторката која се симнала во провалијата за да ја прегледа девојката  предизвикал позитивни реакции кај присутните а еден од инспекторите и се поклонил до земја.  

Утрово во 09:45 часот примен е повик во Службата за итна медицинска помош од страна на дежурен полициски службеник дека во близина на браната на велешкото езеро Младост пронајдено е едно повредено женско лице. Дежурниот лекар при прегледот на повредената утврди дека истата е свесна, контактибилна, ориентирана, со повеќе телесни повреди на телото. По имобилизацијата, повредената со помош на пожарникарите, поставена на даска за спасување е извадена од клисурата под браната на езерото Младост и со амбулантно возило и дежурната медицинска екипа е транспортирана на Ургентниот центар при ЈЗУ Општа болница - Велес, со цел натамошни прегледи и утврдување на степенот на телесните повреди - информираше д-р Страхил Тодоров портпарол на Итната служба.   

Од велешката болница според портпаролот д-р Весна Николовска Неделковска соопшти дека примениот пациент е надвор од животно загрозувачка состојба.

Кај  пациентката по извршените снимања констатирани се поли трауми и  повеќе скршеници поради што е итно префлена на Клинички во Скопје. Таа е во стабилна здравствена состојба, разговарала и со психијатар, се жалела од студот, кој преку ноќта силно го чувствувала. Не  е во животно загрозувачка состојба - изјави д-р Николовска Неделкова.  

Според тоа што Скорниева го раскажала на лицата со кои контактирала, се лизнала додека  се движела во тој предел и така стигнала до подножјето на браната десетина метри подалеку од неа, поточно во делот каде е формирана реката. Ноќта и било многу студено а уште повеќе страв и влевале завивањата на шакалите кои биле во близина. 

Неа ја бараше  семејството откако вчера утро заминала од дома и ја немало цел ден.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »