речник контакт

Скромно расте опфатот на вакцинација во велешко

За седум дена опфатот е пораснат за само 0,4 отсто

Петар Печков

Институтот за јавно здравје,  го објави неделниот  извештај за состојбата со вакцинацијата за заштита од ковид-19, заклучно со 14-ми ноември. Така за седум ден , во велешко опфатот  минимално се зголемил   од 46,9% на 47,3%.

Ова се податоци освен за општина Велес и за соседните Градско и Чашка, но и дел до жителите на Лозово се вакцинираат во Велес.

За потсетување од почетокот на ноември  во опфатот се внесени податоци за лица на 12 годишна возраст и повеќе, откако претходно се евидентираа вакцинирани +18 години. Поради тоа и паднат е процентот на опфат, оти мал е бројот на деца кои се вакцинираат.

На територијата на цела Македонија опфатот вакцинација за заштита од ковид-19 е 43,7% а пред  недела дена беше  43,4 проценти.

фото виктор стоилковиќ

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »