речник контакт

Слаб интерес за легално берење на шумски плодови по велешките планини

За разлика од лани годинава има интензитет на пораст

Петар Печков

Слаб е интересот за добивање на дозвола за берба на шумските плодови по велешките планини.  Ова го кажа директорката на Подрачната единица на Шумското стопанство ,,Бабуна,, Љубенка Попова. 

Не сум задоволна од одѕивот од граѓаните за добивање на дозвола за берба на шумски плодови.  За разлика од лани  годинава има интензитет на пораст.  Имаме стотина  физички лица кои побарале дозвола за непречено движење во планина за берење на шумските плодови. Очекувам дека во следните години ќе има поголем интерес  - рече Попова. 

Масивот на планината  Јакупица, во регионот на Азот, изобилува со шумски плодови и таму е во тек е берба на боровинки од каде  егзистенција наоѓаат неколку  илјади жители пред се од селата Горно и Долно Јаболчиште. Цената на дозволата за физичко лице е 400 денари. 

Интерес има за бербата на боровинките. Во тек е бербата и на  капини и малини, но   досега нема ниту еден пријавен.  Во велешко има четири  правни лица за откуп на шумски плодови  сите се јавија, побараа и добија  дозвола.  Немаме поднесено ниту една пријава до надлежен суд.  Тие што берат ги сретнуваме информираме, засега  не ги казнуваме - рече Попова. 

ЈП „Македонски шуми“ од април  2013-та година воведе задолжително регистрирање на жителите - собирачи на  шумските производи, но и регистрација на фирмите откупувачи. Ова се случи  откако  македонските планини ги сардисаа  берачи кои нестручно и стихијно береа лековити билки. За лицата кои не поседуваат  дозвола за собирање при вршење на оваа дејност, се пропишани казнени законски мерки, кои се парични и се високи.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »