речник контакт

Слаб интерес на велешани за проверка во избирачкиот список

Увид во избирачкиот список до 9-ти септември на полноќ. Засега без најава за независен кандидат за градоначалник или независна листа советници.

Петар Печков

Проверката во избирачкиот список на Државната изборна комисија започна на 21 август и ќе трае до 9-ти септември - сабота.  Иститот е  за проверка на податоците по  закажаните локални избори на 15-ти октомври годинава.

За жителите  на Општина Велес канцеларија на Подрачната единица на ДИК е отворена секој ден, вклучувајќи и  сабота и недела и празник, од 8,30 до 19ч.

Последниот ден на 9-ти ќе работат до полноќ до 24ч. Канцеларии има и во населба Градско и населба Чашка, со истото работно време.     

Има слаб интерес на граѓаните да се проверат дали ги има во избирачкиот список. Нема многу лица кои дошле за да отстранат евентуална неправилност. Оставам простор дека некои можат да проверат и од дома, преку веб страната на ДИК  ( http://www.sec.mk)  . За тие кои сакаат да извршат проверка лично во нашата канцеларија,  потребно е да носат  лична  карта или патна исправа – вели Костадин Бабунски раководител на ДИК подрачно одделение Велес, кое е сместено во Општинската зграда.                                    

За овие десет дена немало најави дека некои ќе го искористи правото да собира потписи за да се кандидира самостојно како градоначалник или пак со независна листа на советници. За Општина Велес потребниот број на собрани потписи за поддршка е 350 граѓани а во Општина Чашка и Градско 100.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »