речник контакт

Слаб одѕив на жителите од Горно и Долно Јаболчиште, каде од пет илјади жители се вакцинирале само тројца

Во Дреново се вакцинирале шест лица, останатите веќе биле вакцинирани. Теренската вакцинација продолжува утре во Мелница, Горно Врановци и Лисиче

Петар Печков

Слаб одѕив на жителите на Горно и Долно Јаболчиште на денешната теренска вакцинација, за заштита од ковид-19.  Иако двете населени места бројот заедно околу пет илјади жители, се вакцинирале само три лица.

„Во Горно Јаболчиште имаше три лица кои се вакцинираа а во Долно Јаболчиште немаше. Иако за теренската вакцинација жителите на двете населени места беа запознаени преку Месната заедница, матичниот доктор, преку  училиштето,  не се појавија да се вакцинираат. На повеќе  локации во двете места, ставивме извезување, дека кој сака може да се вакцинира, наредните денови без термин во Велес“ - кажа д-р Марина Тодоровска, која беше на теренска вакцинација во овие два населени места.

Екипа била и во село Дреново, каде се вакцинирале шест лица, додека останатите жители на селото,  веќе биле вакцинирани.  

Според податоците кои ги објавуваа надлежните институции, во Долно и Горно Јаболчиште починаа најмалку две лица, од последиците на ковид заразата. Жителите имаат објаснување зошто толку мал интерес.

„Ние сакаме да се вакцинираме со „Фајзер“ не со Синовак“. Потребна ни е таа вакцина за да можеме да патуваме во Европа, оти кинеската никој не ја признава“ - велат жителите. На прашањето дали се вакцинираат за да патуваат или за да се заштитат себеси, не одговорија.

Теренската вакцинација продолжува утре во Мелница, Горно Врановци и Лисиче.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »