речник контакт

Следните 14 дена во Македонија се затвораат градинките, училиштата, факултетите поради опасноста од ширење на корона вирусот , одлучи Владата

Се забрануваат сите масовни собири на отворено и затворено, сите културни настани на ниво на држава, а спортските настани да се одвиваат без публика

Петар Печков

Владата го  прифати предлогот на Комисијата за заразни болести да се затворат  градиниките, училиштата и факултетите во наредните 14 дена.  Заради згрижување на децата, по еден родител на деца до 10-годишна возраст, без оглед каде е  вработен во државни институции или  во приватните фирми се ослободува од работа во наредните 14 дена, а отсуството ќе му биде платено,. Овие информации ги соопшти на вонредна прес конференција министерот за здравство Венко Филипче. 

Комисијата за заразни болести ги заострува мерките и ги упатува сите основни, средни и високообразовни институции како и детските градинки да запрат со одвивање на наставно -воспитниот процес во текот на наредните 14 дена. Се забрануваат сите масовни собири на отворено и затворено, сите културни настани на ниво на држава, а спортските настани да се одвиваат без публика. Се воведува задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средно ризичните држави - наведено е во заклучоците на комисијата.

Се препорачува  повозрасните лица да избегнуваат јавен превоз. Комисијата препорачува сите вработени во јавното здравство да бидат ослободени од понатамошни активности поврзани со изборниот процес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »