речник контакт

Слепа улицата според ДУП, во пракса вози кој стигне

Зошто сопре преуредувањето на коцките кај Фурните или Долни Дуќани

Петар Печков

Улицата која се наоѓа позади зградата на новиот театар е неуредена, движењето на автомобилите по земја подигнува прашина, целата е бела. Станарите од околните куќи со писмо реагирале до локална власт за ваквата состојба  и  од бучавата која се создава таму.

Ова улица е слепа, се поставија дури и  столпчиња по ширината на улицата, кои за кратко беа отстранети од страна на трактористите кои тука минуваат. По ова континуирано се зголемуваше фреквенцијата на сообраќај, по поставувањето на тампон. Прашина, бучава  се секојдневие, со што е загрозено детството на нашите деца и внуци и здравјето ан сите нас - пишува меѓу другото во писмото испратено до локалната власт. 

Тие бараат и сообраќајната полиција да реагира, оти по  улицата не семе да сообраќаат возила. Градоначалникот Коцевски потврди дека според ДУП тоа е слепа улица и не е предвидена за сообраќај.

Дадовме налог за поплочување на улицата, на фирмата која го доби тендерот. Не сакам да служи како оправдување, но градежниците имаат проблем со работна рака. Има сериозен проблем со изведување на градежните работи. Ниту една од фирмите не може да одговори на нашите барања, сите без исклучок доцнат во изведбата на работата - објасни Коцевски.  

Го посочи примерот со изградба на водоводот со Горно Оризари кој доцнел, проширувањето на улица кон Болница ,,Самоборска,,  чие асфалтирање требало одамна да се случи.  Во тој дел спаѓа и уредувањето на плоштатката во месноста  Кај Фурните или по старо Долни Дуќани. Подолго време просторот е започнат со уредување, но оставен невршен. 

Се преуредуваа коцките, ги извадија, почнаа да ги враќаат и местат и работниците си заминаа. Сега е се така оставено - велат соседите.   Од локалната власт објаснуваат дека  проблем била неквалитетната изведба.

Уште во април е даден налог на фирмата ,,Изгрев,, со работа.   Барал мајстори и како најквалитетни нашол работници од Вевчани. Но по нашата контрола на изведбата видовме дека тоа не е добро, по што  работата беше прекината и сега се бараат нови мајстори кои ќе ја преуредат коцката - изјавија од локалана власт.      

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »