речник контакт

Слика на Моне продадена на аукција за 81,4 милиони долари

Нацртана е 1890/91 а проценета беше на 45 милиони долари

Петар Печков

Сликата  „Стог сено“ дел од серијата слики на францускиот сликар Клод Моне, продадена е за рекордни 81,4 милиони долари на аукција во Њујорк, организирана од аукциската куќа „Кристи“.

Конечната цена речиси двојно ја надмина почетната проценка од 45 милиони долари. Аукцијата траеше 15 минути, што е невобичаено за продажба на таков формат. 

„Стог сено“ е дел од серијата што Моне ја насликал во зимата 1890/1891 во својата куќа во Нормандија.

Претходниот рекорд е поставен во јуни 2008 година кога сликата „Езеро на водени кринови“ е продадена за 80,4 милиони долари на аукција во Лондон.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »