речник контакт

Сликарите, снимателите слават

Нивен празник е Василица, се собраа по 16 пат. Анегдоти од нивната работа, што се им се случувало на свадби

Петар Печков

Велешките сликари, сниматели  го слават својот празник Василица.  Тие се собраа по 16-ти пат, откако  во 1999-тата започнаа да го одбележуваат овој ден. Нивниот број во Велес е околу 20-тина.

Работиме преку цела година, а најнапорно ни е за Нова година. Затоа го земавме за свој празник овој ден Василица. Тогаш има најмалку работа. Ама оти и на 14-ти има работа, го одбележуваме ден порано на 13-ти на Стара Нова година. Сите имаат покана, кој може, кој сака доаѓа на ова наше празнување. Доаѓаат камермани, фотографи, сите што ја работа оваа работа – вели Боре Лефков – Боре фото Весна. 

Тој заедно со Аце чича и Љупче Јутел ја започнале оваа акција. Има и кум, кој оваа задача ја добива со кршење паричка. Годинава кум беше Тоше Павлов од  Фото Весна а за наредната ја доби Ѓоре Јовановски – Џорџ. Се собираат во кафена, годинава  ,,Кај Димче,,. 

Првите години се собиравме кај Боре Весна, така беше осум години. Ама после решивме, по велешки зошто само на еден да му  отекува, да има паричка па каде ќе се падне тој да биде домаќин. Иако се случува да се буткаме, ние сме конкуренти,  кој повеќе свадби, веселби да земеме. На овој ден се собираме сите работи ги оставаме зад себе и се дружиме и забавуваме. Се учиме на нашите грешки и ги раскажуваме нашите згоди и незгоди. Драго ми е што има се повеќе млади кои се бават со овој занает. Сега веќе го напуштив, но не пропуштам за се дружам  – вели Аце Думовски, кој за себе вели дека е професионален снимател а во слободно време некогашен полицаец.   

Јас сум еден од првите камермани, почнав од 1988-та година. Повеќе ми лежеше камерата. Според моја евиденција имам минато .1200 свадби, има многу убави  спомени, многу крштавки, матурски. Дружењето на овие собири е најдобро од се – вели Љупче Лазевски познат како Јутел.

Боре фото Весна  како случка го помни настанот со бабичка од Богомила, која ја сликал некаде во средината од 80-тите.

Како што сум зборлив, влегувам во  студиото седи една  бабичка, јас нејзе здраво која си што правиш, како си. Таа ист таква, па таа на мене, добар ден, кој си што си, како си. Така јас се ракувам таа се ракува  и двајцата исти прашуваме. Ја сликаа децата кој работеа ни таа разбра кој сум, ниту јас која е – се присетува Боре Левков. 

Се сеќавам на една случка, одевме по невеста во Крива Паланка, село Дугачка река. Стасавме до таму. Кога    завршивме со младоженецот, тој вели ќе одиме по невеста, знаете ова се планински села, ќе одиме пеш. Одиме, одиме, два сата. Куќа ваму, па пол саат, куќа таму и така стасавме до невестата по два саати одење пеш по планини.  Бидејќи беше пролет, убаво време, гледаме под нас село и река, прашуваме кое е тоа, домаќините велат не знаеме, тоа е Бугарија. Така стасавме до граница по невеста. Нашата работа не беше само по ресторани и сали – додава Љупче. 

Во еден период од снимање свадби, се случија разводи бргу потоа. И мене ме држеше глас, ако сакате добра снимка и  брз развод  по свадба, нека ве снима Аце. Во една пригода, само што почна свирката. Свадба правам, син женам, сите сватови стана на маса, ана на кумот пантоломите му паднаа, остана на гаќи. За него свадбата веднаш заврши, не го видовме повеќе. Имам и неколку настани кога во моментот кога сум сликал, не ги сакале сликите, но сега бргу дадов две слики едната по 15 а другата по 20 години. Сликаните беа воодушевени, се радуваа, што по толку време ги добија сликите – објаснува Аце чича.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »