речник контакт

Слободан Димовски, уметник за рачна изработка на накит

Пет години го учел занаетот кај последниот мајстор во скопска чаршија, Владимир Гавриловски

Петар Печков

Неодамна младиот велешанец, дваесетгодишниот  Слободан Димовски ја дoби дипломата за мајстор за   златар, рачна изработка на накит. Тој пет години го учел овој занает кај скопјанецот мајсторот Владимир Гавриловски,   последен кој рачно  изработува накит во скопска чаршија.

На почетокот беше хоби, за потоа да   стане животна  професија. Како мал бев многу заинтересиран  за накит се до денот кога се најдов со мајсторот во  Стара чаршија во  Скопје.   Му пријдов оти уникатните работи ме привлекоа и го замолив дали може да ме научи на неговиот занает. Тој прифати со голема љубов и ми го пренесуваше од ден на ден, пет години - објаснува Слободан. 

Толку време   му го пренесувал занаетот се до 10-ти јуни кога  завршил и земав диплома.   Димовски  паралелно учел во Скопје средно и има диплома за оптика, така што има два занаети. Но  овој со накитот повеќе го привлекува, тоа е неговата животна определба. 

Кога одев  како дете преку  лето во Охрид, многу ме интересираше тие што плетеа рачно белегзии,   ланчиња, тоа ме привлекуваше. Имав интерес  кон кристалите, минералите , природните камења,  со години се интересирав и дојде денот сам да изработувам - додава Бобо. 

Сонува еден ден да направи своја сопствена изложба со сопствени изработки, како и мајсторот Радомир, кој имал повеќе самостојни изложби.  Вели во светот има ликовни галерии во каде се наплатува билет за да се погледаат такви  уникатни предмети.  Годинава изложил на базар за 8-ми март во Велес и имало голема побарувачка, што било голем поттик за него да продолжи  да работи.  Дилемата дали ова е занает или хоби, уметност или  рутина ја расчистува со насмевка.  

Ова е занает со уметнички приказ.  Се трудам покрај традиционалната изработка да внесам модерен дух на накитот  да се вклопи традицијата и современото.   Работам со  скапоцени материјали - злато и сребро,  прстени обетки, огрлици, се е рачна изработка , не е штанцан туку е уникатен .  Има значење како вредно парче кое се доживува како уметност - објаснува Слободан. 

Работи со драгоцени камења ги набавува од странство, од Турција но од индиско потекло.  Најмногу сака да работи со македонскиот рубин, бидејќи така го промовира овој камен меѓу потрошувачите. 

За изработка на еден  предмет работи  седум процеси   од топење на металот, легирање , извлекување па продолжува за каков предмет се работи, до финалната постапка.

Алатот со кој работи не е евтин но за сите овие години го комплетирал, постепено  и сега има една целина од алат која е основан за изработка.   

Инспирацијата ја црпи од природата бидејќи тој е и алпинист. Ги има искачено највисоките Балкански врвови како и вториот по височина врв на Алпите Гросгокнер. 

Ова не е филигрански занает, туку стара македонска традиција на исковување на накит. Не се работи со жица, туку со масовни крупни работи - заврши Димовски

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »