речник контакт

Случајност или континуитет

Знамето на општина Велес има подолг стаж отколку што се претпоставуваше

Петар Печков

 ТРМР дојде до  документ стар 70 и кусур години, каде се гледа дека тогашното црковно знаме  од Велес е идентично со сегашното знаме на општината. Знамето на општина Велес и некогашното на Православното немесништво во Велес се идентични. Ова го покажуваат овие две фотографии, едната од  постојното знаме и втората од 1940-та година. На неа  е  документ од одбележувањето на 100 годишнината од изградбата на црквата Св. Пантелејмон.

Убаво се гледа дека знамето е идентично горе црвено, доле сино, единствено  е различна шарата во срединета, сега грбот на градот тогаш грбот на црквата. Оваа фотографија е од документ со кој мусе искажува благодарност на Александар Левков, сопственикот на фабриката Вила Зора затоа што бил главен спонзор на овој голем јубилеј. Фотографијата е документ во сопственост на Виктор Левков.   

Само за потсетување дека знамето на општина Велес е донесено  2004-та  и е во две бои - црвена и сина, хоризонтално поставени. Црвената боја е симбол на револуционерното минато на Велес, а сината на слободата и европската ориентација на велешани. Во централниот дел на знамето е сместен грбот на Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »