речник контакт

Смена на тренерската клупа на одбојкарките и ракометарите

Форшпед ќе го водат грчки тренери а Борец времено Клинчаров

Петар Печков

Женскиот одбојкарски клуб Форшпед од Велес доби грчки тренери. Јанис Цаирелис како  тренер и Александар Лазаридис за помошник, ќе ја водат екипата во остатокот од првенството и разигрувањето за првак на Македонија.

Ќе се обидам да ја консолидирам екипата, да влеземе во финалето од плеј - оф натпреварите, значи да ја победиме Македонија макс а натаму како ќе биде, ќе видиме – вели Цаирелис. Овој грчки одбојкарски стручњак има повеќегодишно искуство на тренерската клупа со женските екипи од јужниот сосед, работел и со кадетската репрезентација на Грција.

Смената на тренерската позиција на претходниот тренер Љупчо Гинов, доаѓа по двата порази на домашен терен за неколку дена, во полуфиналето од купот  од Македонија Макс и во првенството од Форца Волеј. Новиот тренерски тандем веќе ја забележа и првата победа во првенството и тоа максимална од 3:0 против тетовски Љуботен на гости и 3:1 против Борец Брако во градското дерби.  Екипата на Форшпед се наоѓа на второто место од прволигашката табела со 13 победи и три порази.

Промена и на тренерската клупа на РК Борец. Како времено решение именуван е ракометарот Мартин Клинчаров на местото од Тони Шопов. Со новиот тренер, додека не се најде соодветно решение,  Борец се пласираше во завршниот турнир од купот. Вчера во финалето, кое се играше во Велес, Борец ја победи Преспа 31: 23, додека во полуфиналето против Кавадарци забележа убедливи 40:19. Со оваа победа тие се пласира меѓу четирите екипи, Металург, Вардар Про и Пелистер, кои ќе решаваат за освојувачот на Купот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »