речник контакт

Сменет командирот на велешката полициска станица

Советниците бараа одговор, но не добија за причината за оваа смена. За нив беше и чудно како се мереше јачината на бучавата во угостителските објекти, кога подолго време фонометарот не работи

Петар Печков

Александар Костов не е повеќе командир на полициската Станица Велес. Иако за ова подолго време се зборуваше, официјално беше потврдено на седницата на Советот.  Сработеното за лани дојде да го брани неговиот заменик Ердинч Мамедалиев, иако потписник е токму Костов. На бројните прашања од советниците зошто тој е тука  а не Костов, Мамедалиев одговори.

Костов е сменет, тој останува во полиција. Како и во други   фирми се менуваат позициите, тој има друго решение. Извештајот е изготвен од него а бидејќи нема назначено друг командир, јас ќе го бранам   – рече Мемедалиев.

Сменет е и командирот на сообраќајната полиција за Велес, на местото од Димче Маневски  е поставен Ристе Стефановски. Советниците се интересираа и за бројот на полицајци во полициска станица Велес, зошто е намалено горивото за месечно употреба по автомобил, зошто немаат теренски возила. Мемедалиев рече, дека со ресурсите со кои располагаат одржуваат стабилен јавен ред и мир. За советниците беше чудно, што иако единствениот фонометар со кој располага ПС Велес е расипан, тие ја мереле јачината на звукот по   кафеаните и рестораните.

Врз основа на реакциите на граѓаните ние ги регистриравме тие како  поплаки и предупредувања. Додека работеше фонометарот имаме седум  прекршочни пријави поднесено.  Но морам да кажам дека  станарите иако пријавуваат, одбегнуваат да дозволат кај нив да ја мериме бучавата,  по што не можеме да докажеме дека ја имало. Во тек е баждарење и кога ќе ни ги вратат ќе продолжиме со нивна примена – изјави Мемадалиев.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »