речник контакт

Смртта на Тамара да се испита до крај и да се најде вистинскиот виновник

27 февруари Светски ден на ретките болести. Според Здруженијата на пациенти со ретки болести оствките на директорите на Фондот за здравсѕво не го решаваат проблемот

Петар Печков

Здруженија на пациенти и здруженија за заштита на деца со ретки болести јавно побараа докрај да се испита и да се расчисти случајот со смртта на деветгодишната Тамара Димовска од Велес, бидејќи сметаат дека оставките на директорите на Фондот за здравствено осигурување Маја Парнарџиева - Змејкова и Џемали Мехази нема да придонесат да се подобри функционирањето на здравствениот систем.

"Сметаме дека оставките на првите луѓе на ФЗО претставуваат чин на морална одговорност и, сами по себе, нема да придонесат за подобрување на тој систем,  бидејќи ФЗО како институција е само една алка во целиот здравствен систем, кој во овој случај целосно и сериозно потфрли", велат во јавното обраќање десетина здруженија на пациенти. 

Тие велат дека болката по загубениот живот за Тамара е и нивна, бидејќи селективноста во здравствената заштита ја чувствуваат и лично, особено од  некои здравствени инстанци.

"Со оглед на сериозноста на случувањата, како релевантни и одговорни здруженија, укажуваме на потребата од рамноправност и транспарентност во здравствената грижа и заштита, и потсетуваме дека сите идеали на светот се побезначајни од солзите на едно дете. Поради интересот на децата со посебни потреби, бараме да се истражи докрај овој случај и да се најде вистинскиот виновник за смртта на Тамара", велат здруженијата на пациенти. 

Тие потсетуваат дека во нивното секојдневно соочување со сложените бирократски процедури и бројни здравствени лавиринти, кои се на штета на пациентите, секогаш добивале професионална поддршка во барањето решение за проблемите од досегашните директори на ФЗОМ Маја Парнарџиева - Змејкова и Џемали Мехази. 

"Во тек се заеднички проекти кои требаше да донесат позитивни промени во здравствениот систем, особено во однос на третманот, лекувањето и пристапот кон оваа ранлива категорија на болни, деца и млади со посебни потреби", велат здруженијата на пациенти на хемофиличари, пациенти со цистична фиброза, пациенти со хронична миеолична леукемија, здружението "Раст", здружението за деца со дијабетес "Баланс" и здружението на лица со хемофилија "Хемолог".

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »