речник контакт

Смртта на родилката Кадиева настанала поради задушување и е насилна

Вештите лица со часови го бранеа вештачењето според кое смртта на Маја Кадиева е насилна

Петар Печков

Судењето за смртта на родилката Маја Кадиев и нејзиното бебе, продолжи во Основен суд Велес  со сослушување на вештите  лица.  Тоа што беше пишано во обвинението дека смртта на родилката  настанала  како резултат на  повредите здобиени при интубацијата, пред присутните  го докажуваше дел од тимот кој вршел аутопсија. Обдукцијата  на мајката и бебето покажала дека тие починале поради недостиг на кислород. 

Смртта на родилката е насилна. Таа е резултат  на  задушување, прекинат е доводот на кислород во белите дробови. Во критичните моменти имало таложење на СО2 во белите дробови наместо кислород.  Пред да настапи смртта имало прекин на респирацијата. Има промени на коренот од јазикот, што укажува на механичко дејство а има и ерозија на  влезот од   хранопроводот, што е исто така резултат на дејство од механичка дразба.       Прекинот на доводот на кислород е дојдено во постапката на анестезија а после воведот во анестезија, во процес  на интубација.  Бебето кое било женски пол е живо родено. Негова смрт настанала од здушување, поради прекин на довод на кислород  и тоа кога било во утроба  на мајката што е резултат на недостаток на кислород кај неа.   Бебето починало 10 минути по раѓањето.  Тоа било зрело новороденче, способно за живот – изјави д-р Наташа Давчева, доктор на медицински  науки вешто лице во Институтот  за судска медицина.

Таа го презентираше и вештачењето, експертизата за смртта на   мајката и бебето и тоа врз основа на обдукцијата, вербалните докази на сведоците, обвинетите  и научната пракса и теорија.    Доктор Давчева во подолгото излагање даваше одговори каде е пропустот, но без да именува поединци.  На дилемата кога се врши реанимација  на родилка, дали да се води сметка за мајката или бебето таа одговори.

Општо прифатено е за мајката. Но доколку сите витални функции замираат кај мајката да се спасува бебето. Одлуката како ќе се постапи  е на сите инволвирани во породувањето, не` е  лична одговорност на  поединец а со тоа и одговорноста е на сите, не на поединец а- рече  д-р Давчева. Одговарајќи на прашањето на Милан Трајанов бранител на обвинетиот анестезиолог Томчо Ванчев, докторката кажа дека повредите на јазикот и хранопроводот се случиле  при воведот во анестезија и во воведните часови пред смртта.  Тој пак незадоволен од вештачењето и добиените одговори.

Два клучни докази во ова  постапка е правени од исти лица, што според  мене е недозволиво,  обдукцискиот наод и вештачењето.  Во оваа постапка целта е да утврдиме дали кај докторите има пропусти кои што се круцијални за последиците, за овој неспорен несреќен настан.  Според ме видување и по консултации со стручни лица, постојат  многу околности кои што не се земени во предвид од вештите лица кои го изготвиле наодот, кој го донела на рекла кажала – вербални искази дадени во фаза на истрага а не` на материјални докази – рече адвокатот   Трајанов.

Вештите лица се јасни во и во обдукцијата и во вештачењето. Причина за смртта е задушување, недостиг на кислород. Кажано беше дека е направена и грешка во протоколите, во самото постапување на породувањето.   Тие не го  искористија свое законско право, со технички советници да го оспорат вештачењето. Во недостиг на таков наод и мислење , судот  укажа на одбраната такви приговори не се можни и нема причина за сомневање во вештиот наод, бидејќи друг не  беше спротивставен  - рече Дељо Кадиев, застапник  на оштетеното семејство Кадиев.        

Обвинети за смртта на родилката маја Кадиева и нејзиното бебе,   се анестезиологот  Томче Ванчев (56 год) од Гевгелија и  гинеколозите  струмичаните Венци Чалков (50 год) и Дончо Москов (59год), за ,,тешки дела против здравјето на луѓето,,.  

Со преземените дејствија обвинетите иако биле свесни дека нивното постапување може да предизвика штетна последица, несовесно постапиле при укажување лекарска помош при процесот на породување. Со тоа предизвикале влошување на здравствената состојба кај родилката што резултирало со смртен исход на сега покојната и на новороденчето.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »