речник контакт

Снегот падна а со него дојдоа и проблемите

Попладнево сите патишта во општината проодни, утрово имаше непроодни.Некаде немаше настава во велешките средни не дојдоа учениците од селата кои беа отсечени

Петар Печков

Снегот што од вчеравечер го зафати подрачјето на Општина Велес предизвика потешкотии во одвивањето на сообраќајот. Утрово некои патишта беа непроодни а попладнево патиштата се исчистени.  

Во текот на ноќта по улиците во централното градско подрачје службите фрлаа сол и абразивни средства, а од утринава екипи на ЈКП „Дервен“ работат на расчистување на пристапите кон црквите, тротоарите и мостовите - информираа од Општина Велес. 

Екипите на ЈП „Македонија пат“ со механизација ги исчистија улиците до болницата во Велес и главните улици во градот кој се дел од регионалните патни правци, а ги пробија и патните правци кон селата Мамутчево, Иванковци и Раштани. 

Механизацијата на ГП „Делта пром“ ги исчисти патиштата кон Чолошово и Дорутовец, а фирмата „Изгрев“ работеше на расчистување на патиштата со три градежни машини кон Отовица,Сујклари, Кумарино, Бузалково и Ораовец.

Екипи на ЈП „Македонија пат“ после 12 часот го расчистија патот кон село Црквино, а „Изгрев“ ќе продолжи со расчистување на патиштата кон Клуковец и Сливник.

Снегот го отежна и одвивањето на наставата во неколку подрачни училишта. Поради непристапниот пат настава немаше во подрачните училишта во селата Црквино и Раштани како и во училиштето „Стојан Бурчевски-Буридан“ во Иванковци. Во Бузалково денес се одржа само одделенска настава, додека предметната заради снегот е одложена затоа што ја следат деца од селата Сливник и Клуковец. 

Во средните училишта во кои настава посетуваат ученици од селата во велешко, чии пристапни патишта  утрово беа завеани, кон Бузалково, Раштани, Иванковци, учениците не стигнале на настава. 

 Надлежните служби и компаниите ангажирани од Општина Велес и утре ќе продолжат со континуирано следење и решавање на состојбите. Утре изутрина возило на компанијата „Делта пром“ ќе истура сол и абразивно средство на потегот од Којник до улицата „Благој Ѓорев“. 

Од Центарот за Управување со кризи, информираа дека во 17ч. кога е  пишуван извештајот сите патишта во општината се проодни. иста е состојбата и во соседните Градско и Чашка, со тоаш што до селата Ореше, Папрадиште и Нежилово поради  непроодност сообраќај на се одвива.    

Од велешката железничка станица информираа дека возовите денес сообраќале со 10 минутно задоцнување. Од Автобуската пак кажаа дека до 16 ч. автобустие биле на време  а потоа  започнале да задоцнуваат, пред се од  правец  на Скопје кон Велес. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »