речник контакт

Снегот создаде проблеми, сообраќајот на автопатот Велес - Катланово е во прекин

Без струја регионот на Азот

Петар Печков

Автоматот Велес - Катланово е затворен за сообраќај, информираа од Центарот за управување со кризи. Причина е што околу 18,30 се превртел на коловозот камион. Исто така на оваа делница, кај Кула има поголема колона од автомобили, кои се сопрени бидејќи нема услови за безбеден сообраќај.

До Скопје наместо преку Катланово, бадничкиот сообраќај е пренасочен преку  Свети Николе. Од ЦУК дополнително информираа дека во велешко проблеми во одвивањето на сообраќајот има кон селат Подлес и Иванковци.

Поради прекин на електрична енергија,   според ЦУК,  регионот на Азот е без струја, Богомила Теово,  Согле ,  Оморани, Подлес, Горно и Долно Чичево..

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »