речник контакт

Снежана Лазарова Луна ја изработи „Тајната вечера“ од ориз и синап

3а десет години работа, ја отвори нејзината десетта самостојна изложба во родниот Велес

Петар Печков

Велешанката Снежана Лазарова Луна  за десет години работа, ја отвори нејзината десетта самостојна изложба во родниот Велес.  Во Ликовниот салон се претстави со 40-тина дела, дел до 80-тината досега работени, сите во мозаик техника, од ориз и синап. Ова творештво ја прави единствен автор  во земјава, кој работи со овие две елементи. Меѓу делата кои се изложени, внимание привлекува „Тајната вечера„ која ја работела две и пол години.

Започнав да ја работам во 2015-та ја завршив во 2017-та. Со тоа што во меѓувреме создадов и други слики, изложби. Беше напорно да се сработи, составена е од осум елементи, бидејќи не е можно д асе работи на толкава површина. Нив на крајот го споив во една слика. За јубилејот сакав да ја претставам пред моите сограѓани - вели авторката Лазарова, која е самоук сликар, наивец. 

Изложбата е насловена „Се што не ти кажав“ и е дел од содржините на Велешко културно лето. Темите кои ги црта се со мотиви од мртва природа, пејзажи, ликови на светци

Работам со бел ориз и црн синап а во поново време користам и  жолто просо. Со нивна употреба  се добиваат освен црно белата боја и нијанси, без употреба на бои, мастило, туш. На крајот делата ги премачкувам со специфична смола, која  им два долговечност.   Кога работам изложби во други градови, одржувам и работилници за оваа моја техника. Таа навидум е лесна, но кога ќе почнат да ја работат посетителите, тешко оди. Не е ни малку лесно, треба трпение-  додава Лазарова.

Досега освен во Велес има изложувано во Кочани, Валандово, Струмица, Македонска Каменица а има учествувано и на три меѓународни колонии во Битола и Ресен.  Следен град каде оваа изложба ќе биде претставена е во Делчево.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »