речник контакт

Снимаа спот за Harlem Shake , ама камера немаа

Ќе излезе ли овој спот на виделина непознато? Ако Ивче се смилува...

Петар Печков

Група млади велешани, средношколци организирани преку ФБ попладнево во Младинскиот парк се собраа за да снимат нивна верзија на Harlem Shake .Ттаа требаше да биде исклучителна поради масовноста. 

Така и бидна, имаше околу стотина потенцијални учесници исто толку гледачи. По мало одложување поради технички проблеми, струја( која подоцна им ја обезбеди општианта), озвучување се премина на снимање. Ама младите заборавиле да обезбедат камера. Но ни тоа не им пречеше тие се решија да снимат, а материјалите да ги добијат од снимателот кој тука беше за потребите на еден велешки интернет портал, но не и за нив.

Тој сними дел од атмосферата, но дали сетот тоа ќе излезе  на спот е тоа е прашање а одговор немаа ниту организаторите.   Велеа ако ни дадат материјал, ќе има спот. Така младешкиот  ентузијазм и желбата за докажување, остануваат засега само на овие фотографии.  Но затоа полицијата сериозно ја сфатила задачата, па на местото на снимањето имаше присутно  повеќе полициски службеници.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »