речник контакт

Со ,,Најважната работа на светот,, се отвора театарот ,,Џинот,, во Велес

Автор е Братислав Димитров, кој победи на конкурсот помеѓу 30 пристигнати дела

Петар Печков

Драмскиот писател Братислав Димитров победи на конкурсот за избор на драмски текст со кој ќе биде отворен  новиот театар во Велес.  Неговото дело, комедијата, ,Најважната работа  на светот,, жирито ја избра помеѓу 30-те пристигнати дела. Димитров, кој конкурирал под шифра ,,Ништо без публика,, за ова ќе добие и парична награда во висина од 500 илјади денари, од Министерството за култура, кое го распиша конкурсот.

Актуелен и курентен во темата, потресен и длабок во пораката, жанровски автентичен и непретенциозен, занаетчиски чист и стегнат во драматургијата, со јасно изградени ликови и прецизни драмски ситуации на брзи заплети и расплети, со мајсторски драмски пресврт, овој текст нуди одлична можност за создавање на квалитетна драмска претстава, во жанрот комедија. Гора на тоа авторот  ја следи и историската специфика на велешкиот театар во негувањето на комедијата на својот репертоар и создавање на квалитетни комедии кои долго живеат на сцената. Важно е што  текстот  во адекватен сооднос со продукциските, техничките и кадровските потенцијали на театарот  – ја образложи одлуката претседателот на жирито Васил Зафирчев, кој е и уметнички директор на театарот.

Во жирито, кое едногласно ја донело одуката беа и   актерите Александар Ѓоргиев, Зоран Љутков, Петар Темелковски и режисерот Ненад Витанов. Тие на му препорачале неколку интересни дела на велешкиот театар за да ги постави на сцената во наредните години.  Премиерата на оваа претстава, со која ќе се отвори театарот ќе се случи до крајот на годинава. Се работи и на обезбедување на режисерско име, кое треба да ја постави претставата.

Во новата зграда сакаме безбедно, претпазливо да влеземе. Потребно е време да се  подготви. Затоа да не лицитираме со датуми. Потребни се минимум два месеци за да се сработи претставата. Има комплицирана и софистицирана технологија, која мора да се користи по протокол. Затоа велам дека премиерата ќе се случи оваа есен – изјави директорот Јордан  Витанов.

За потребите на театарот  во наредниот  период заменикот министер за култура најави вработување на неколкумина млади актери, оти ансамблот сега броел 18 лица, плус технички персонал   електро и машински инженери. Театарот ,,Џинот,,  во Велес има две сцени големата со 370 и малата со 120 седишта.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »