речник контакт

Со болно дете во редица за дома, на скопски аеродром

За искуството на семејството Велковски при враќањето во Македонија

Петар Печков

Неодамна враќајќи се за Македонија, по слетувањето на скопскиот аеродром, велешкото семејство Велковски имало непријатно искуство, настан кој го споделија со јавноста но и го пријавиле до надлежните. Станува збор за приемот, додека тие имале болно дете и чекале 60 минути за да заминат за дома и на лекар. 

Се враќавме од Гетеборг и во  12.30ч бевме на скопскиот аеродром заедно со сопругата и нашите две  керкички . Помалата која има 7 месеци имаше температура 38.6 а пред нас во редицата околу 50 луѓе кои што ни отстапија ред да поминеме први бидејќи сме со болно бебенце. Кога застанавме први во колоната граничниот  полицаец кој што беше на пасошка контрола почна да вика по мене со зборовите ,,шо правиш ти бе, кој ти дозволи да поминеш,, по што јас му објаснив дека сите луѓе ме пуштија а тој упорно викаше дека тој го правел редот таму. Уште еднаш пак му објаснив дека  седум  месечната ќерка има температура а тој арогантно ми рече не ме интересира. ,,Ти ќе чекаш последен ќе поминеш а жена ти и децата ќе ги пуштам,,.Јас почнав да го молам да ми го врати пасошот бидејќи претходно ми ги врати пасошите на жена ми и на децата а мојот го задржа.Тогаш излезе од кабината ме повлече за раката и ми рече ,,дојди ваму со мене ама без сопругата,,. Јас реков не сум емигрант не носам ништо нелегално, јас сум државјанин на Р.Македонија. Тогаш полицаецот ми направи копија од пасошот и видно вознемирен ми го врати пасошот без објаснување за копијата. Се обидов да му објаснам дека тоа што го направи не е исправно но пак не ме послуша и го викна неговиот шеф. Тогаш дојде друг господин кои што ме однесе во соба да разговараме. Бидејќи знаеше дека немам никаква вина во целата ситуација се обиде да ја смири. Ми рече денеска минуваат тука од 5 до 7 000 луѓе дека може на полицаецот му е смачено од љубезното однесување па ненамерно изреагирал така,и дека ќе му се исушело грлото на сите ако им викал здраво.Ми рече земи си го пасошот и фамилијата и оди си дома, ќе ја заборавиме целата оваа ситуација - објаснува Александар. 

Целиот настан траел 60-тина минути, за кое време тие требало да дојдат до Велес и за одат на лекар.  Го пријавил во внатрешна контрола на МВР.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »