речник контакт

Со 580 кг порибени езеро Младост и реките Вардар, Бабуна и Тополка

Порибувањето е со подмладок на крап и пастрмка

Петар Печков

На неколку локации од велешкиот ревир, беше извршено порибување на рибниот фонд. Тоа се однесува на реката Вардар, езеро Младост и река  Бабуна и реката Тополка.  Порибувањето го изврши ЗРС Бабуна, која е концесионер на водите во велешко.

Вкупно е пуштен 580 кг подмладок  на крап и на пастрмка.   Порибувањето е во рамките на обврските од  добиената концесија од Министерството за земјоделие и водостопанство.  Таа беше надгледувана од страна на овластен инспектор  м-р Димче Купенков.

„Се изврши порибување на дел од водите кои се во  ревирот на ЗСР „Бабуна“  а во согласност со Законот   за рибарство и аквакултура. Езеро Младост се пориби со 300 килограми  подмладок крап, додека на реката Вардар во Велес  200 кг. Во реката Бабуна е пуштено 50 кг подмладок од пастрмка  а во реката Тополка 30 кг  подмладок пастрмка. Тие количини се согласно со програмата на ЗСР  за годишна работа“ -   кажа државниот инспектор  м-р  Купенков.

Рибата која беше пуштена е набавена од Акватика Неготино.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »