речник контакт

Со Лисистрата отворен фестивалот на античка драма ,,Стоби,,

Низ музика, песна и танц раскажана војната на Лисистрата и жените против војувањето.Понеделник вечер повторно Аристофан овој пат со комедијата ,,Жени во народното собрание,,

Петар Печков

      Градскиот театар од Истанбул премиерно во античкиот локалитет ,,Стоби,,  во саботата вечер ја  изведе претставата ,,Лисистрата,, од   Аристофан а во режија на Кемал Кочатурк.   Со тоа започна 12-тото издание на  фестивалот  на кој ќе бидат прикажани четири претстави а три во конкуренција за награди.  

По покана на директорот нa Фестивалот Зоран Љутков, Турците една година работеле на претставата, за таа да ја има премиерата тука во Македонија,  со што според нивните зборови на дело се покажува пријателството и соработката меѓу двете земји. Претставата, која на досегашните единаесет изданија пет пати е прикажана, во ова најново шесто имаше ново видување на бестрашната Лисистрата и жените  и нивната  борба спротив војната и мажите. 

Наместо оружје, режисерот Кочатурк  во рацете на четиринаесетте актери им даде инструменти, музика, танц. Имаше многу кореографија и публиката ја врза за седиштата, па таа со големо внимание ги издржа без малку двата часа колку што беше времетраењето на Лисистрата.

Оваа сказна стара 2.500 години јасно ја отсликува динамиката помеѓу двата пола и дилемата дали да се живее мирно или да се води војна. Ние ја земавме оваа сказна и  вдишавме живот- авантуристичкиот, забавен свет на Аристофан со модерен пресврт. Оваа модерна адаптација би требало да покаже каде сме во моментов – изјави режисерот  Кочатурк. Т

ој во Македонија има работено во четири наврати со Турскиот театар и добро го знае менталитетот и вкусот на овдешната публика.  Колку беше сериозен пристапот на Турците зборува и фактот што тие ја доведоа во  Велес со комплетниот ансамбл но и луѓето од техниката а со себе донесоа и цела сцена и светлосен и звучен парк, што уште повеќе  ја долови претставата на  публиката.  Сето тоа го спакуваа со два големи шлепери.

  Наградата стигна на крајот кога бројната екипа доби голем  и топол, искрен аплауз од гледачите.  Годинашната програма на Фестивалот ,,Стоби,, која е посветена на жената, продолжува вечерва (понеделник) со претставата  повторно со текст   на  Аристофан ,,Жените во народното собрание,, на Народно позориште од Суботица Војводина, во р ежија на  Никола Завишиќ.

Аристофан ги воочува штетни влијанија на Атињаните врз демократијата и на демократијата, односно на нивните политички водач врз Атињаните. Низ медиумот на брилијантниот хумор ги жигосува виновниците  војната, демагогијата, софистиката и Еврипид, Тој е свесен дека вистинската демократија може да напредува само во мир – ја најавува претставата режисерот Завишиќ.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »