речник контакт

Со автогол во финишот скратена радоста за победа на ФК Борец

ФК Борец- - ФК Ренова 1:1

Петар Печков

Стадион: Зоран Паунов
 судија: Стојановски - Кичево
 стрелци: Радовиќ 41` (ФКБ) , Стоименовски 89` автогол
 жолт картон:  Силва, Стојчевски (ФК Б) Абдула, Селмани ( ФК Р)
ФК БОРЕЦ: Мустафа, Ефтимов, Коцев, Пеев, Прелчец, Ристески, Ристовски Ф,  Силва, Стојменовски, Стојчевски  играа и - Ристовски М, Георгиев, Трајков
ФК РЕНОВА: Вели, Абдула, Фетаи,  Гаруфи, Гавазај, Мишковски, Рамадани, Садики Б, Сефо, Селмани, Велија   играа и Садики Н, Велиу, Шефити

Наместо победа и три бода за врвот, фудбалерите на ФК Борец со автогол во финишот од средбата, му дозволија на гостинот  од  Тетово, да замине непоразен од Велес. 

Со голот на Радовиќ во 41-та минута, втор  негов во првенството, по победничкиот над Вардар во Скопје, велешани поведоа. Така беше се до 89-тата минута кога по нафрлена топка од левата страна, Стоименовски со глава, наместо во поле, топката ја смести во сопствената мрежа.

Со тоа ја расипа радоста од победата и трите бода, кои беа на дофат. Натпреварот не изобилуваше со шанси, се играше  повеќе на средината од теренот.

Така наместо на врвот по две кола ФК Борец е петти со четири бода, во група од пет екипи.  Во следното коло велешани гостуваат во Струга на екипата на ФК Струга, која има еден бод и е  10-та од 12 екипи.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »