речник контакт

Со автомобил до локалитетот Пешти

Локалната власт со него планира да го развива туризмот, дел од јавноста стравува дали со тоа ќе се зголеми бројот на дивоградбите во овој предел

Петар Печков

Општина  Велес најави  ќе се гради пат до локалитетот  Пешти. Локалната власт со него планира да го развива туризмот, дел од јавноста стравува дали со тоа ќе се зголеми  бројот на дивоградбите во овој предел, кој е заштитен. За изградбата на патот кој ќе биде во должина од 2,6 км.  обезбедени се 13,4 милиони денари од Агенцијата за поддршка на земјоделието и руралниот развој.  

Ова е проект за пристап до туристички дестинации. Целта ни е локалитетот Пешти и долниот тек од течението на  Бабуна,  да бидат што подостапни за велешани и нивните гости. Да има каде да рекреираат и се одмараат а не некој да гради нелегално, на диво - рече градоначалникот Коцевски.  

Клисурата Пешти  е прогласена за карактеристичен природен пејзаж со голем потенцијали за развој на рекреативен туризам и е долга е 430 м. Името го одбила по големиот број пештери кои се таму регистрирани и се евидентирани во Заводот за заштита на споменици.

Локалитетот е карактеристичен и по специфичната флора и фауна, како и бројните јаворови дрва кои се исто така заштитени. Локалитетот нуди атрактивни природни ресурси и потенцијали за развој на спортски, рекреативен, рибен, ловен туризам, параглајдерство.

Стравувањата на дел од јавноста се што токму во долниот дел на реката Бабуна, каде има патна инфраструктура никнаа повеќе објекти, со кои се освоени површините покрај водата. Тоа се дивоградби, но ниту една локална власт не го решила овој проблем, кои предизвикува реакции кај граѓаните, тие се револтирани што одделни нивни сограѓани, без никакво право узурпираа јавни површини и  изградија  викендички.

Проблемот со диво изградените објекти е тежок и огромен, не знам како ќе се реши заедно со државните институции.  Сигурно е дека нема да бидат легализирани а што ќе се случува со нив допрва ќе видиме - додаде Коцевски.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »