речник контакт

Со аплицирани 36 вакцини во Црквино, заврши теренска вакцинација прва доза

Денес беа вакцинирани 13 затвореници со втора доза но и нови тројца со прва доза. Кои денови ќе работи вакциналниот пункт во спортската сала на „Коле Нелковски“

Петар Печков

Со посетата на село Црквино заврши првиот круг на теренска вакцинација во поширокиот велешки регион. Таму денес биле аплицирани 36 вакцини, прва доза. Од понеделник продолжува со вакцинирање втора доза и тоа со селата од Општина Чашка, Бањица, Отиштино, Еловец, Бусилци и Раковец.  

Денес беа вакцинирани со втора доза и затворениците од одделението од затворот во Велес, сите 13 кои веќе примија прва доза а се пријавиле и три нови лица,  кои примиле прва доза. 

Во попладневни часови се вакцинираа и 59 деца на возраст од 12 до 17 години, кои беа пријавени од страна на нивните родители. Тие примија вакцина „Фајзер“.  

Вакцинаниот пункт во спортската сала на училиштето Коле Неделковски работеше денес а со пациенти ќе работи и на 17-ти, 18-ти 19-ти, 30-ти и 31-ви август. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »