речник контакт

Со два порази поред, екипата на Велес во футсал на претпоследната позиција

Викендов започнува фудбалската Трета лига Југ и Општинска лига

Петар Печков

Со двата последователни порази екипата на Велес во  првата футсал лига, се најде на 9-тото, претпоследно место во оваа конкуренција.  Во саботата во 16-тото коло  загубија  дома од  Шкупи од Скопје , кој е второпласиран со 5:3. На први, во вторникот играа со   Хедис исто така во Скопје, кој е третопласиран   и повторно се поразени со  4:2.

Така откако на лидерот, кој реди само  победи му украдоа еден бод а играјќи нерешено фудбалерите на  футсал екипа на Велес доживеаја порази од второ и трето пласираните и се најдоа на претпоследното  место, кое  води во борбата за разигрување за опстанок во оваа лига.

Во сабота со почеток од  20ч.,  Велес дома во салата Гемиџии ја пречекува екипата на Скопје која е  последно пласирана без ниту еден бод. Со победа  ќе ја избегнат оваа позиција  на табелата.   Потоа првенството продолжува со уште 9 кола.

Претстојниот викенд започнуваат натпреварите од пролетниот дел на Третата лига Југ и Општинската лига.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »