речник контакт

Со доделување на наградите завршија 58-те Рацинови средби

Рациновото признание за книгата на Милован Стефановски „Теорија на кучешката година“ и Почесното Рациново признание за рускиoт славист Ала Генадјевна Шешкен

Петар Печков

Со  доделувањето на признанијата завршија годинашните 58-ми Рацинови средби, кои во петокот и саботата се одржаа во Велес.  Саботата вечер, на сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ се доделија награди во чест на Рацин. Милован Стефановски, е добитник на Рациновото признание за 2021 година, наградата ја доби за романот „Теорија за кучешката година“.

„Се обраќам со убави чувства на лауреат на една од најзначајните книжевни награди во земјава посветено на Коста Солев Рацин.  Книжевната награда Рациново признание е со најубавото име кај нас,  со која може да се закити и гордее македонскиот писател.  Рацин за припадниците на мојата генерација, роден сум 1952-ра, е книжевна икона“ порача од сцената на велешки театар,Стефановски, при добивањето на наградата. 

Тој ова признание го доби во конкуренција на 27 дела, пријавени за конкурсот. За наградата одлучуваше тричленото жири во состав Христо Петрески, Делвина Крлуку и Стефан Марковски.  

Почесното Рациново и припадна на Ала Генадјевна Шешкен, руски славист и македонист од Руската федерација, професор на Универзитетот Ломоносов од Москва за нејзината четири децениска афирмација на македонската култура и литература. Таа се заблагодари за наградата преку видео порака.

 „Секоја година преку оваа манифестација му се покажува  почит на поетот со срце шири ми широко, втемелувачот на современата македонска поезија. Рацин стои на чело на македонската  традиција и поезија започната од Климент Охридски“ - порача Шешкен во своето видео обраќање.
Претходно  меѓу другото се одржа меѓународниот поетски митинг со учество на поети од Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Италија и  со меѓународен научен  симпозиум на тема „Синтези за Рацин и Конески“. Беа засадени и садници во Рациновата шума, на Спомен Костурницата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »