речник контакт

Со изложба на портрети на Гоце Делчев, одбележани 148 години од неговото раѓање

Портретите се дело на академскиот сликар Ангел Петров а поставени се во Здружението на пензионери Велес

Петар Печков

Во просториите на Здружението на пензионери Велес, претпладнево беше отворена изложба на портрети на Гоце Делчев, дело на академскиот сликар Ангел Петров.  Организатор беше Фондацијата Ангел Петров а ова е 58-ма самостојна изложба на авторот. Повод е 4-ти февруари, денот на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Присутните можат да видат 22 портрети работени во различни техники -масло, пастел,  молив, туш, комбинирана техника.

Портретите се работени во подолг период, педесетина години. Освен Делчев, Петров има работно портрети и на Кочо Рацин и други македонски дејци - културни и револуционерни. Работени се во разни временски периоди но за жал нема многу материјал по кој Делчев може да се црта-  кажа Светлана Петрова директор на Фондацијата. Таа изрази благодарност од Здружението на пензионери, кое јавило интерес за изложбата, за портретите на Делчев да биде поставена кај нив.   

За делото на Делчев потсети историчарот Веле Алексовски, претседател на Здружението на пензионери Велес. 

На денешен ден пред 148 години во Кукуш роден е идеологот за самостојна и слободна Македонија, Гоце Делчев. наша морална должност е да го почитуваме неговото дело.  Тој е инспириран од слободоумните луѓе, од Француската буржоаска револуција и бил по дух чист социјалист, човек кој се борел за еднаквост меѓу луѓето, почит кон сите, без разлика на потекло и етничка и верска припадност. Автори творат во чест на Делчев, како што е случајот со Петров, кои го прават вечен споменот кон него. Благодарам ан Петров, благодарам на сите револуционери кои го дале, животот за Македонија    - рече пред присутните Алексовски. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »