речник контакт

Со мнозинство гласови усвоен Годишен извештај за работењето на Општина Велес за 2014 година

Локалната власт ја завршила ланската година со позитива од 4,5 милиони денари. Kако и oд каде дојдоа и се потрошија парите на граѓаните лани

Петар Печков

Со мнозинство од присутните советници, 13:9,  членовите на Советот го усвоија ланскиот извештај за работата на Општина Велес. Лани во општинскиот Буџет влегле 646 милиони денари а се потрошени  641 милион денари или таа е во позитива од 4,5 милиони денари.  Општинскиот сметка најмногу се полни од блок дотации, повеќе од половина,  наменети за плати на вработени во образованието.

Потоа следат средства добиени   од граѓаните и фирмите за општински даноци.  Најголема ставка во расходите со повеќе од половина се платите за администрацијата во локаната власт и образованието, а потоа следат исплатите за набавка на стоки и користење на услуги.  

Во однос на планираните  средства минатата година 738 милиони  и реализираните 646, тоа е на ниво од 81  отсто. Осетно потфрлање има кај  даночните приходи со  73 отсто остварување и кај капиталните приходи 45 отсто реализација.  Најголеми должници кон локалната власт се  на  име фирмарина или побарувања од фирми за регистрирана фирма од скоро  50 милиони денари и  данок на имот од  граѓани  од 25,5 милиони денари.

Лани по различни основи градоначалникот  за смрт на член на потесно семејств исплатил средства во износ од 210.000 денари и за смрт на вработени во буџетските установи 90.000 денари или вкупно 300.000 денари.  Додека пак 394.000 денари  се за други поводи пожар, поплава, учество на велешки спортисти на  светски и европски првенства, ученичка олимпијада, за родена тројка, за спасување на давеник,  освојување на планински врв. 

Од  локалната валст велат дека од годишниот извештај и од завршната сметка на Општина Велес за 2014 година, може да се заклучи дека тие ,,безрезервно опстојуваат на својата зацртана визија и мисија за развој и искорисување на сите ресурси и капацитети на општината, со што би се овозможило поквалитетен живот на сите нејзини граѓани,,.

 Овој извештај го поддржаа советниците од владејачкото мнозинство со 13 гласа за. Опозицијата гласаше со 9 гласа против,  поради нискиот прилив на средства по основ на даноци и капитални приходи, како и реализацијата на сите приходи која била на 80 отсто од планираното на почетокот од годината.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »