речник контакт

Со нов протест дел од велешките пензионери потсетија на нивните барања за линеарно покачување и минимална пензија (фото)

Барања се покачување на пензијата линеарно за сите по 3,5 илјади денари и минимална пензија од 18 илјади денари

Петар Печков

Велешките пензионери повторно на протест, повторно во центарот, на Сармаале. Нивните барања и натаму се исти покачување на пензијата линеарно за сите по 3,5 илјади денари и минимална пензија од 18 илјади денари.

„Пензионерите со овие примања се понижени. Тоа се проверува по нивниот џеб, по нивниот стандард, по социјалниот статус.  Проблемите и маките, наспроти ветувањата дека ќе се решат, се натрупуваат. Нашите барања ќе ги повторуваме до 20 месецов. Тогаш ќе одиме на голем протест во Скопје, пред Влада“ - порача Кире Василевски, член на иницијативниот одбор за повисоки пензии.   

„Порачуваме дека не сакаме нашиот труд вложен додека работевме,да не биде изгубен таму во некои лавиринти. Да имаме достоинствен живот, да бидеме со крената глава. Да можеме на внуците за нивните родендени да им подариме нешто, баба и дедо да ги израдуваат“ - рече    Тодор Дуковски.

 „Очекувавме да добиеме бесплатно бањско или климатско седумдневно лекување.  Сме се надевале на старски домови, на нови пензионерски домови каде ќе се дружиме, но не ни паднало на памет дека ќе излеземе на улица да бараме права. Од ќеф ова не го правиме. Излеговме оти имаме горчлив и тежок живот“ - кажа    Цветанка Петровска.

Владата формираше комисија, која треба да ги разгледа барањата на пензионерите и издржливоста за нивна примена, минимална пензија и линеарно покачување.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »