речник контакт

Со нова трафостаница решен проблемот со водоснабдување во Долно Караслари

Новата трафостаница во Караслари го снабдува со струја водоснабдителниот систем во селото. Досега за ова се користеше трафостаницата на Мотел Македонија, поради што се случуваше поради неплатени сметки, селото да нема вода со месеци

Петар Печков

По повеќегодишни проблеми  со водоснабдувањето за жителите на Караслари  е тоа е решено. Изградена е и предадена на користење новата трафостаница. 

Жителите од ова село, неколку години наназад во лето имаа недостаток од вода, оти имаа проблем со   електро напојувањето на системот за вода, кој беше поврзан со трафостаницата која го снабдува мотелот Македонија и беше приватна сопственост.  

Локалната самоуправа вложи осумстотини илјади  денари за изградбата на новата трафостаница во населеното место Караслари, која го снабдува со струја водоснабдителниот систем во селото.

Трафостаницата која е сопственост на локалната самоуправа, изградена е за да врши напојување на пумпите за вода, но при изградбата на трафостаницата водено е сметка и за идните потреби од снабдување со вода. Проектирана е за покренување на пумпи за вода за двојно и тројно поголема литража од моменталната и може да снабдува  четири илјади лица  – изјави градоначалникот Славчо Чадиев.

Новата трафостаница е со напојување од 50 киловат-ампери а истата ќе испумпува 10 литри вода во секунда. Оваа количина е сосем доволна за да ги задоволи потребите како на населеното место Караслари така и на новоформираната индустриска зона во оваа област. Останатиот проток на вода ќе биде располагање за следните индустриски објекти и викенд куќи коишто ќе се градат.

Чадиев  најави дека во тек се постапките за уредување  на инфраструктурата  на индустриската зона Караслари. Се изработувале идејните проекти за канализација и за патишта, по што ќе започнала изработката. Ова за да може  во март  месец, кога инвеститорот најави започнување на изградбата на фабриката Маркард, сите инфраструктурни работи за бидат готови, завршени .   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »