речник контакт

Со олабавувањето на протоколите за престој, од почетокот на месецов 200 нови деца посетуваат градинка

Со проширувањето на групите, капацитетот во шесте клона, од пред некој ден се зголеми за 200 и сега има згрижено 950 деца

Петар Печков

Од почетокот на месецов зголемен е бројот на деца кои се прифаќаат во  градинките во Велес. Со олабавувањето на протоколите и паѓањето на бројот на заразени од коронавирусот  во земјава, порасна интересот за згрижување на деца. До пред една седмица градинката  имаше опфатено 750 деца а со проширувањето на групите, капацитетот  во шесте клона,  од пред некој ден се зголеми за 200 и сега има згрижено 950.    

„Со проширувањето на капацитетот, поради новите протоколи за работа, има капацитет да згрижи 200 деца повеќе. Тоа и се случи. Интересот е огромен, се бара место повеќе поради,  но и натаму  не можеме да работиме со полн капацитет. Предност и сега  имаат децата чии родители и двајцата се вработени или се самохрани родители“ - кажа Маја Велиновска, директор на градинката Димче Мирчев од Велес.   

Колку е зголемен интересот за запишување на нови деца во групите во градинките „Димче Мирчев“ во Велес, покажува листата на чекање за упис, која брои стотина имиња. Традиционалните приредби за разделба со децата кои заминуваат, бидејќи од есен нема да посетуваат градинка, поради протоколите, годинава и лани ги немаше. Деновиве од градинката заминуваат 300 деца, од есен идни прво одделенци а капацитетот на оваа институција е да може да згрижи 1,2 илјади деца од претшколска возраст. Тие неодамна ги добија првите дипломи, за завршување на престој во градинките.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »