речник контакт

Со пари од ЕУ ќе cе гради инфраструктура во Велес

Ќе е гради кеј, ќе се уредува центарот на градот и ќе се гради пречистителна станица со колекторски систем

Петар Печков

ЕУ со три капитални  проекти ќе му помага на Велес,  неговите жители да добијат подобри услови за живеење. Сите три проекти се во најава, но со потпишани договори.

ЕУ ќе финансира изградба на пречистителна станица со колекторски систем во Велес вреден 24 милиони евра. Вториот е изградба на кеј на реката Вардар вреден 440 илјади евра. Третиот е уредување на централното градско подрачје проект од 750 илјади евра. За овие проекти потсети  при денешната посета на  евро амбасадорот Дејвид Гир, на Велес.

 „Разговаравме и за регионална депонија за отпад, проект кој се работи и со Министерството  за животна средина. Во зградата на поранешното кино, ќе биде отворена најголемата ЕУ куќа во Македонија. Таму младите ќе имаат соодветно место за творење и реализација на нивните проекти. Се надевам дека до крајот на годината тој ќе се реализира“- рече Марко Колев градоначалник на Општина Велес.

Кејот  кој треба да се гради ќе биде во должина од 160 метри од десната страна на реката Вардар од мостот Гемиџии низводно до Мало мовче и 40 метри од левата страна. Општина Велес треба да учествува со 66 илјади евра, за што веќе има одлука на Советот на Општина Велес. Предвидено е поставување на седум  киоск продавници за традиционални производи и сувенири.  Овој проект се финансира со збратимениот грчки град Термаикос.   

Со проектот  за изградба на пречистителна станица со колекторски систем треба да се прифатат сите  отпадни води од левата страна на реката Вардар, да се постави цевка под реката, близу автобуската да се префрлат на другата страна од реката. Потоа со колектор, заедно со тие од десната на градот, да се носат под Крзнарата. Со основниот проект е предвидено да се прифатат отпадните води и од блиските села, вклучувајќи го и Горно Оризари. Неговата изградба би започнала следната година.  


Проектот со кој ќе се уредува централното градско подрачје е наменет за реконструкција на улицата „8 Септември“, нови сообраќајни решенија во централното градско подрачје, поставување на атмосферска канализација во овој дел од градот и воведување на т.н. паметни решенија за одвивање на сообраќајот и јавниот превоз како и мерки за поттикнување на пешачење и возење велосипед

Само за потсетување дека со еден милион евра во околината на езерото Младост се изградија повеќе содржини, забавни паркови, пристапни патишта. 

фото тале цеков

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »