речник контакт

Со петиција дел од жителите околу стариот театар бараат таму да не се гради деветкатница

Од локалната власт велат запазена е целокупната постапка при донесувањето на ДУП за овој дел на градот

Петар Печков

Со петиција дел од граѓаните во близина на зградата на стариот театар, бараат да не се дозволи изградба на деветокатница на тоа место. Бараат  заштита на јавниот интерес и спречување на штетни последици, со евентуалната продажба на земјиштето за изградба на станбена зграда. Во барањето, кое е доставено до Општина Велес, се наведени четири  главни причини објаснети во исто толку  точки.

„Од безбедносни причини, бидејќи  земјиштето на кое се наоѓа стариот театар е непогодно тло за изградба на деветокатница. Особено последните случувања со урнувањето на работничкиот универзитет ни ги зголемија стравовите за животот и имотите на оние кои што живееме во близина на оваа локација.  Намалување на сончевата светлина во нашите домови како резултат на несразмерна висина на зграда од 9 ката во споредба со постојните куќи и згради до 4 ката. Нарушување на естетското и урбаното уредување на градот во согласност со традиционалната архитектура на градот. Сообраќаен метеж поради немање доволен простор за паркирање на возила особено во трите пазарни денови во неделата“- пишува во барањето, кое  е потпишано од 111 лица. Како решение за истото место нудат да се изгради апр или детско игралиште.

Тие укажуваат и на случајот со станбената зграда во близина на стариот театар, чии подруми во одреден дел до годината се полнат со подземна вода, која се претпоставува дека е од реката Вардар и доаѓа со нејзиното зголемување на нивото. Велат дека исти такви ќе се јават и во темелите на зградата која се планира да се гради, со што ќе биде нарушена стабилноста. Потсетуваат дека токму такви води се јавуваат и во објектот кој се гради до срушениот Работнички универзитет.

Од локалната власт на седница ан Советот, неодамна се разговараше на оваа тема. Тогаш претставникот од општинска администрација, образложи зошто не е можна промена.

„Запазена е целокупната постапка при донесувањето на ДУП за овој дел на градот. При неговото донесување се поминати сите етапи, одржани се јавна презентација и јавна дебата и анкета, каде граѓаните кои не се задоволни од решението, можеле да поднесат приговор и забелешки. По нив, ако ги имало требало да постапи  Одделението за урбанизам. Промената на ДУП е донесена 2020-та година, без никакви реакции и забелешки од засегнати граѓани во овој дел на градот. Затоа не постои причина за промена на ДУП. Веќе е донесена одлука за рушење на зградата на стариот татар а градоначалникот е тој што та одлука треба да ја почитува. Донесување нов ДУП не е предвиден во програмата за работа“ -кажа  Петре Цилаков раководител на сектор од локалната власт.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »