речник контакт

Со пиштол ограбена бензинската кај штипско џаде

Разбојникот побегнал кон Речани, полицијата го бара

Петар Печков

Саботата вечер околу 21.46 часот во Велес на ул.„Васил Иљоски“ бб,  на Штипско џаде на бензинската пумпа бр.34, сопственост на АД„Макпетрол“-Скопје, НН сторител маскиран со фантомка на главата и црни ракавици на рацете, вооружен со пиштол, извршил разбојништво над вработениот З.П.(1971) од Велес, при што одзел околу 26.000 денари.

Разбојништвото сторителот го извршил на тој начин што од задниот дел на бензинската пумпа, влегол внатре, се упатил кон вработениот му го вперил пиштолот во глава, му ги побарал парите, по што му ја земал службената црна кожна ташна со дневен пазар од каде ги одзел парите, а потоа го насочил вработениот кон касата на наплатниот пункт од каде не одзел ништо, по што го напуштил лице местото во правец на н.Речани. СВР-Велес извршиле увид на лице место и преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »