речник контакт

Со победа во гости над директниот конкурент ФК Ново Црнилиште, ФК Локомотива од Градско пред влез во Втора лига

Пораз за ФК Превалец и победа за ФК Работник Џумајлија во Трета фудбалска лига. Одбојкарите на ГОК Борец со пораз во полуфиналето од разигрувањето за првак, ги завршија настапите со пласман меѓу четирите најдобри екипи

Петар Печков

Убедлива победа за фудбалерите на ФК Локомотива од Градско, во дербито на пролетта. Тие кај гостувањето на директниот конкурент за првото место, екипата на ФК Ново Црнилиште во истоименото прилепско село, славеа со 5:2 и отворени им се вратите за пласман во Втора лига. Тие се први со 50 бода седум повеќе еипите на ФК Ново Црнилиште и ФК Братство 07.   ФК Превалец неочекувано загуби дома од ФК Братство 07 од прилепско Житоше, со 1:2  кој е сосед на табелата. По овој пораз превалчани паднаа на седмото место со 34 бода.  Ова беше 22-ро коло од Третата лига Југ. 

Во следното коло ФК Локомотива гостува во соседско дерби во Марена против истоимената екипа која е деветто пласирана и се бори за опстанок, додека ФК Превалец гостува во прилепско Кривогаштани кај ФК Младост 1930 кој е 13-ти со 19 бода и директно загрозен да остане во оваа конкуренција.

Екипата на ФК Работник Џумајлија направи изненадување и победи со 0:2 на гостувањето кај осмо пласираниот  ФК Спартмани во струмичко Балдовци. По ова 15-то коло ФК Работник останува претпоследен 11-ти но со 10 бода. Во следното коло екипа на ФК Работник во Лозово ја пречекува екипата на ФК Малеш од Берово, која е петта со  25 бода.

Одбојкарите на ГОК Борец со максимален пораз од 0:3 (17, 14, 15) од екипата на ОК ЏИО Струмица го завршија годинашниот настап. Тие со два порази се елиминирани во полуфиналето од разигрувањето за шампионската титула, што сепак е успех за велешката екипа, која се најде во друштвото на најдобрите во Македонија.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »