речник контакт

Со поддршка на Владата градот ќе добие подземна катна гаража, кажа министерот Перински при неговата посета на Велес

На вториот владин повик, кој трае до 30 април, Општината поднела 16 апликации

Петар Печков

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во  посета на Општина Велес, каде што се сретна со градоначалникот Марко Колев, членовите на општинскиот Совет и вработени во локалната власт.

На средбата се  разговарало за тековните и идните проекти во општината, со акцент на инфраструктурниот развој, за текот на проектот од првиот владин повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти, кои Општината  ги реализира самостојно, но и со поддршка од централната власт.

На Општина Велес на првиот владин повик  беше одобрен еден проект, партерно уредување на плоштад и изградба на подземна гаража во централното градско подрачје, а на вториот владин повик, кој трае до 30 април, Општината поднела  16 апликации.

„Владината инвестиција за уредување на плоштад и изградба на подземна гаража директно ќе придонесе за трансформација на урбаниот изглед на Велес, ќе овозможи нов јавен простор за жителите и ќе создаде поголеми можности за културни и социјални активности. Подземната гаража треба да  го реши долгогодишниот проблем со паркирањето во центарот на градот и ќе обезбеди поефикасен и побезбеден сообраќаен систем, што е од особена важност за урбаната мобилност и секојдневното функционирање на граѓаните“ - кажал градоначалникот Колев.

„Владата не отстапува од континуираната поддршката на општините, со јасна и единствена цел, создавање услови за поголем развој на секоја општина. Силна држава се гради врз темелите на развиени локални заедници“ -  порача министерот Перински.

Неговата посета  е дел од теренските активности со цел директно запознавање и идентификување на сите предизвици во единиците на локална самоуправа и планирање насоки на движење за нивно надминување.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »